Во операција на јеменските сили за безбедност синоќа е убиен Шајеф Мухамед Саид ал Шабвани, командант на Ал Каеда, осомничен дека организирал серија обиди за киднапирање на западни дипломати.
Ал Шабвани беше еден од најопасните и најбараните команданти на Ал Каеда, осомничен за вмешаност во киднапирање и убиства на јеменските полицајци и странци, изјави портпаролот на јеменските сили.
Неговиот автомобил е запрен во близина на претседателската палата со уште четири лица, од кои едно исто така е убиено во размената на оган до која дојде поради тоа што пружиле отпор при аспењето. Другите три лица се уапсени.