Исклучително високата стапка на невработеност на младите, како и лошиот животен стандард предизвикуваат нивно заминување од Босна и Херцеговина, која во периодот од 1995 до 2012 година ја напуштиле дури 150.000 млади лица, пишува „Дневни аваз“.
Во Федерацијата БиХ стапката на невработеност меѓу младите изнесува 67,1 отсто, од тоа 66,7 проценти за мажи и 67 отсто за жени, покажува извештајот на Институтот за развој на млади „Култ“, кој укажува дека неможноста за пронаоѓање вработување меѓу младите го гледаат како извор на сите други проблеми.
Само 17,8 отсто од невработената популација без работа е помалку од година, 11,8 отсто невработени се повеќе од две години, додека сите останати се на биро за вработување подолго од пет години.