Милановиќ: Хрватска идната година подготвена за Шенген

Од:

Хрватска на лето идната година мора да биде подготвена да се пријави за влез во Шенгенскиот режим, вели премиерот на земјата Зоран Милановиќ и порачува дека тој процес лично ќе го надгледува, јави Хина.

Како чекор кон таа насока, хрватската Влада денеска донесе Уредба за стандардите и условите кои мора да ги исполнуваат граничните премини за ефикасно и сигурно извршување на граничната контрола.

ЕУ за помош на Хрватска во подготовките за достигнување на шенгенските стандарди во управувањето со границата стави на располагање 120 милиони евра од времениот шенгенски инструмент.

Шенгенскиот простор е подрачје на 26 европски земји кои ја укинаа граничната контрола во рамки на внатрешните граници.

Опфаќа 22 држави-членки на ЕУ и четири членки на ЕФТА (Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег