Хрватската Влада покрај неработниот петок воведува и неработен четврток

Од:

Хрватската Влада денеска изгласа предлог-закон за зачувување на работните места, со кои покрај досегашната можност за четиридневна работна недела (неработен ден) се отвора можноста и за неработен четворток за фирмите кои имаат проблеми, јави Хрватската радио телевизија (ХРТ).

Министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ истакна дека со предлог-законот годинава ќе се спасат 2.000 работни места. Тој наведе дека предлогот има поддршка од социјалните партнери, а од буџетот се обезбедени пет милиони куни (660.000 евра) за примена на Законот.

Законот ќе важи за работодавачите кои имаат финансиски проблеми и кои ќе достават програма за зачувување на работните места и ги платиле сите даноци и осигурувањето на вработените. Пропорционално на скратеното работно време работодавачаот ќе исплаќа помали платии, но не помали од минималната загарантирана плата во Хрватска. Разликата во платите ќе ја преземе државата.

Досега фирмите во Хрватска можеа да воведат неработен петок, а вработените добиваа државна компензација за скратеното работно време. Ново во предлог-законот е тоа што државните субвенции за зачувување на работните места ќе можат да се користат една година, наместо шест месеци како што беше досега.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег