Завршен документ од министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан во Солун

Од:

Одбележувајќи ја 10. годишнината од најголемото проширување на ЕУ и со три нови земји-членки кои се приклучија од 2004 година, учесниците од ЕУ на состанокот ЕУ-Западен Балкан ја потврдија својата посветеност на агендата за проширување кон целиот регион, во рамките на процесот за асоцијација и стабилизација, врз основа на критериумите од Копенхаген, обновениот консензус за проширувањево 2006 година и релевантниот Европски совет и заклучоците на Советот.

Ова се вели во изјавата на грчкото претседателство со ЕУ во врдска со денешниот министерски совет ЕУ-Западен Балкан што денеска се одржа во Солун, јави дописникот на МИА, чија пра сесија беше посветена на периодот од Солунскиот самит 2003 година до денес.

„Учесниците истакнаа дека проширувањето е една од најуспешните политики. беа истакнати и останатите предизвици со кои се соочува регионот. Учесниците од Западен Балкан се обврзаа да ги направат сите неопходни напори со цел да ги забрзаат внатрешните процеси на реформи поврзани со ЕУ. Тие ја признаа потребата за идни напорти, особено на полето на владеење на правото, заштита на основните права, регионалната соработка и добрососедските односи и економијата, особено во консолидирањето на макроекономската стабилност, подобрување на растот и работните места“, се истакнува во документот.

Втората сесија на министерската конференција беше фокусирана на прашања од областа на транспортот и енергетското поврзување меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и внатре во регионот .

Учесниците разменија мислења за можности за одредени достигнувања во енергетиката и транспортот, за иднината на енергетската заедница и за можноста за постигнување на Договор за транспортна заедница . Тие исто така разговараа за улогата на регионалните иницијативи , регионалните организации и за механизмите за подобро координирање на финансиската поддршка за регионот, при што ја истакна важноста од обезбедување регионална инфраструктура за поврзување во рамките на регионот и со остатокот од ЕУ.

„Презентацијата на тековната состојба во областа на транспортот и енергијата даде можност за сеопфатна и детална размена на информации за потребите на секторот, и во однос на проекти и за достапни или потенцијални финансиери. Утврдувајчи ги предизвиците кои претстојат , учесниците се согласија дека има потреба од поблиска соработка , координација на инвестициски стратегии и заеднички приоритети за проекти во транспортната и енергетската инфраструктура во регионот“, стои во завршниот документ од министерскиот состанок во Солун.

Во овој контекст Европската комисија ја потврди својата намера да се искористат една милијарда евра од новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА) за инвестиции во инфраструктурата во шест земји од регионот на Западен Балкан – корисници на ИПА за периодот 2014-2020 година. Во комбинација со средства од финансиските институции, Фондовите на ЕУ имаат за цел да привлечат приватен капитал кој би можел да финансира најмалку 10 милијарди евра инвестиции во Западен Балкан,одредувајќи ги клучните приоритети на земјата корисник.

Главните регионални проекти може да вклучуваат автопат и железница во Коридорот 10 од Загреб до Атина, железнички коридор осум од црноморските пристаништа Бургас и Варна во Бугарија до јадранските простаништа Валона и Драч во Албанија, Транс -јадранскиот гасовод (ТАП) кој ја поврзува Грција со Италија и Јонското -јадранскиот гасовод долж јадранскиот брег од Албанија до Хрватска.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит