За изборите во Косово регистрирани речиси милион и 800 илјади гласачи

Од:

На парламентарните избори што ќе се одржат на Косово на 8 јуни право на глас имаат речиси 1.800.000 избирачи.

Со оглед дека овојпат гласањето се организира и на север во Косово, Централната изборна комисија е приморана да го зголеми бројот на изборни места во однос на изборите во 2010 година.

Датумот на одржување го одреди денеска претседателката Јатифете Јахјага по консултации со претставници на парламентарни партии.

На претходните избори беа регистрирани 1.630.636 гласачи. На тие избори имаше 29 политички субјекти, 745 гласачки центри со вкупно 2.280 гласачки места.

Сега, бројот на гласачи е 1.792.913. И овие парламентарни избори ќе се одржат по стариот закон.

Невладиниот сектор изрази загриженост оти избирачките списоци не се средени.

Неделникот Коха диторе неодамна објави дека стравува оти дури 400.000 гласачки ливчиња може да бидат злоупотребени бидејќи голем број лица од списоците се починати, но и понатаму се на листите. Зголемен е и бројот на оние што живеат во дијаспората, а не можат да гласаат на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска