Предвремените избори во Косово ќе се одржат на 8. јуни

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска соопшти дека е постигнат договор предвремените парламентарни избори во Косово да се одржат на 8. јуни.

На прес-конференција во Приштина, Јахјага нагласи дека ваквата одлука е донесена во консултации со политичките партии.

Консултациите со партиите, како и со претседателот на Централната изборна комисија, Валдете Дака, за одредување на датумот за одржување на изборите, Јахјага ги започна вчера во попладневните часови, откако претходно косовското Собрание донесе одлука за самораспуштање.

Синоќа по завршувањето на средбите со партиските претставници, Кабинетот на Јахјага соопшти дека консултациите ќе продолжат и денеска, како и дека политичките партии предлагале изборите да се одржат на 8 или на 15 јуни.

Четвртиот состав на  Собранието на Косово беше распуштен вчера по двочасовна дебата, со 90 гласови „за“, четири „против“ и три „воздржани“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска