Се уште не е утврден датумот на изборите во Косово

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага врз основа на уставните и законски надлежности вчера попладне ги почна консултациите со сите политички партии во Косово, како и со претседателот на Централната изборна комисија, Валдете Дака, за одредување на датумот на одржување на предвремените парламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА, по нејзините средби со претставниците на политичките партии, Кабинетот на Јахјага  синоќа најави дека консултациите продолжуваат и денеска.

Политичките партии предлагале изборите да се одржат на 8 или на 15 јуни.

– Претседателката Јахјага, базирајќи се на нејзината улога, како фактор на единство и гаранција на функционирањето на демократијата во институциите, за време на средбата со лидерите на политичките партии, посебно го акцентираше фактот дека предвремните парламентарни избори треба да бидат слободни, праведни, демократски и сеопфатни, стои во соопштението.

Вчера по двочасовна дебата, со 90 гласови „за“, четири „против“ и три „воздржани“ беше распуштен четвртиот по ред законодавен дом на Косово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска