Грчкиот парламент гласаше за одземање на пратеничкиот имунитет на четворица пратеници од „Златна зора“

Од:

Грчкиот парламент денеска гласаше за одземање на имунитетот за кривично гонење на пратеникот од неонацистичката партија „Златна зора“ Георгиос Герменис и на пратеникот Ефстатиос Букурас, што беше годинава исклучен од партијата.

Двајцата пратеници, кои се наоѓаат во притвор под обвинение за припадност кон криминална организација, беа изнесени пред парламентот со лисици, за да се изнесат по новото обвинение против нив за илегално поседување на оружје.

Герменис и Букурас ги отфрлија обвиненијата против нив за оружјето и муницијата, пронајдени при претрес на нивните домови.

Грчкиот парлемент денеска гласаше и за одземање на имунитетот за кривично гонење на пратеникот од „Златна зора“ Никос Михос, обвинет за поседување на оружје и на пратеникот Хрисовалантис Алексопулос, што ја напушти „Златна зора“ во март, обвинет за водење и припадност кон криминална организација.

Грчките власти преземаа голема операција против „Златна зора“ по убиството на левичарски музичар. Мнозинството од 18-те пратеници, избрани од листата на „Златна зора“ во 2012 година, вклучително лидерот на партијата Никос Михалолиакос, кој се наоѓа во притвор, се обвинети за водење на криминална организација, за што се соочуваат со казна затвор од 20 години.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит