Најдобриот светски кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан во својата последна автобиографија откри дека како дете бил расист. Џордан израснал во Северна Каролина, каде во тоа време доминирало расистичкото движење Ку Клукс Клан.
Тој во новата биографија „Мајкл Џордан: Живот“ откри дека бил против белците во тоа време, па затоа прв крена глас против Доналд Стерлинг, сопственик на Ла Клиперс, кој изнесе расистички ставови.
-Нема место во НБА, ниту каде било за таков вид на расизам и омраза, која што изрази Стерлинг. Јас сум згрозен поради сознанието дека таков вид на незнаење се уште постои во нашата држава и тоа во највисокото ниво на спортот. Во лигата каде што повеќето играчи се Афро-американци, ние не можеме и не смееме да толерираме таква дискриминација-рече Џордан, кој веднаш по одлуката на комесарот на НБА, Стерлинг доживотно да се суспендира од НБА лигата, упати пофални зборови.
Човекот кој ги одбележа последните 30 години во НБА лигата во 1977 година бил суспендиран од училиште, бидејќи гаѓал со сок, девојка која му рекла дека е црнец.
-Се сметав себе си за расист во тоа време. Во суштина, бев против сите белци-напиша тој во новата автобиографија.
Е. Г.