ВИДЕО: Сергеј Четковиќ ја одведе Црна Гора во финале

Од:

Сергеј Четковиќ ја одведе Црна Гора во финалето на 59. натпреварување за Песна на Евровизија, која годинава се одржува во Копенхаген, Данска.

Сергеј со песната „Мојот свет“ одлично ја претстави Црна Гора и доби можност за уште едно претставување пред Европа.

Во финалето ќе настапуваат и претставниците на Унгарија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Украина, Русија, Шведска, Холандија и Исланд.

Натпреварувањето и годинава е поделено во две полуфинални вечери, а во завршницата ќе се пласираат по десет земји од секое полуфинале, и тоа со одлука на жирито и публиката, во однос 50 – 50.

kvalifikaciiFinale2

Покрај земјите учеснички право да гласаат имаа и две земји директни финалисти – Германија и Франција, како и домаќинот Данска.

Претставничката на Македонија Тијана Дапчевиќ ќе настапи утре, на втората полуфинална вечер.

tijanaEvrovizija-proba

Големото финале ќе се одржи в сабота, на 10. мај, коха земјите од „Големата петорка“ (Италија, Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија) и домаќинот Данска имаат обезбедено место.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија