Деновиве е во тек снимањето на краткометражниот филм Кота 404 во режија на Марјан Гавриловски а по сценарио на Кирил Максимоски.
Приказната инволвира разработка на урбана легенда, претставена од еден друг агол инволвирајќи филозофски и мистичен приказ на врската помеѓу животот и смртта.
Улогите фо филмот ги толкуваат Владимир Јаревски и Никола Кузелов. Камерата е на Дарко Цветановски а монтажата на Златко Стровјановски. Како потписник на музиката се јавува Бобан Апостолов.
Филмот својата премиера треба да ја доживее кон крајот на годинава, а потоа ќе биде понуден на неколку домашни и странски филмски фестивали.