Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија денеска соопшти дека е разбиена терористичка организација која планирала напади врз институции и странски претставништва во земјата.
Во акцијата упасени се 62 луѓе, од кои тројца се странци. Меѓу приведените 35 лица и претходно биле апсени поради закани за безбедноста на Саудиска Арабија.
Уапсените биле поврзани со екстремисти од Сирија и од Јемен.