Почнува натпреварот за најдобра песна во Европа

Од:

Свеченоста на отворање на овогодишната „Евровизија“, едно од најголемите светски музички натпревари, одржана е во Копенхаген, со учество на 37 земји, како најава на прво полуфинално натпреварување кое ќе биде одржано вечерва.

Познатата манифестација чиј овогодишен домаќин е Данска, се одржува по 59-ти пат, а на свеченоста одржана на градскиот плоштад Радхуспладсен присуствуваше и Франк Јенсен, градоначалник на Копенхаген.

После завршените први проби на директните учесници во финалето, сите делегации заедно со своите претставници учествуваа на церемонијата на свеченото отворање на овогодишниот натпревар, чии домаќини беа Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и данскиот јавен сервис „Danmarks Radio“ (ДР).

Прва на црвениот килим зачекори Емели де Форест и понатаму актуелна победничка на „Евровизија“, и Јан Лагерманд Лундме, овогодишниот продуцент на шоуто.

Де Форест е победничка на минатогодишното натпреварување одржано во Шведска, со песната „Only Teardrops“. По истата патека прошетаа и водителите на овогодишното натпреварување Лисе Рене, Николај Копел и Пилов Асбек.

tijanaTamaraEvrovizija

На црвениот килим на фотографите им позираа и другите пејачи кои оваа година ќе ги претстават своите земји на „Евровизија“. Меѓу нив беше и македонската претставничка Тијана Дапчевиќ, која ќе настапи на втората полуфинална вечер, која ќе се одржи задутре, додека финалето ќе биде одржано на 10. мај.

Исто така, ова беше прва можност новите евровизиски ѕвезди се сретнат со многубројните фанови на ова музичко натпреварувња, кои овие денови пристигнуваат во главниот град на Данска од сите краишта на Европа и светот.

Овогодишната „Евровизија“ ќе биде одржана во „B&W Hallern“, објект кој порано бил користен како бродоградилиште во пристаништето во Копенхаген.

Годинава голем дел од поранешните учеснички го откажаа своето учество, некои од финансиски причини, а некои затоа што сметаат дека системот на гласање е нефер. Оваа година во Копенхаген нема да ги видиме претставниците на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. За Црна Гора ќе пее Сергеј Четковиќ, додека Словенија ќе ја претставува Тинкара Ковач.

Претходните денови се одржа и прс-конференција, на која Тијана рече дека со нивниот настап сакаат да покажат на нивните фанови дека доаѓаат од прекрасна земја, со неверојатни луѓе и чудесна енергија.

На конференцијата за печатот и беше постевано прашањето за неизоставните очила, кои секогаш ги носи.

– Не сум Елтон Џон, јас сум Тијана, одговори со насмевка.

– Тие се мојот запштитен знак. Носам очила целиот мој живот. Со овие очила се гледа убавината.

На прашањето што и значат нејзините обожаватели, таа одговори: Јас сум ништо без нив. Без нив сум слепа.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија