Кошаркарите на Вашингтон и на ЛА Клиперс поведоа со 1-0 во полуфиналните серии од плеј-офот од НБА лигата против Индијана, односно Оклахома Сити. Ова всушност беа победи на гостинските екипи на првите натпревари.
Вашингтон ја победи Индијана со 102:96, а најзаслужни беа Бреднон Бел со 25 поени и Тревор Ариза со 22 и шут за три поени 6 од 6.
На вториот дуел ЛА Клиперс ја совлада Оклахома Сити со 122:105 добивајќи ги првите три четврини кога и водеше со 104:78 што беше клучно за победата. Крис Пол беше предводник до победата за ЛА Клиперс со 32 поена и 10 асистенции.
Вечерва се играат другите два полуфинални дуела: Мајами – Бруклин (Исток) и Сан Антонио – Портланд (Запад).