Последниот натпревар од 36.коло во Примера одигран синоќа завши нерешено 1:1, а притоа двата тима натпреварот го завршија со по 10 играчи, бидејќи имаше по едно исклучување на двете страни.
Голот за Реал Сосиедад во 78.минута го постигна Карлос Вела, додека изедначувањето стигна во судиското надополнување, а стрелец за Гранада беше Одион Игало.
Црвените картони им беа покажани на Рецио (54.минута) од Гранада и Микел Гонзалез (56.минута) од Реал Сосиедад.
Со нерешениот резултат Реал Сосиедад ги намали шансите за директен пласман во Лига Европа во следната сеозна, сега со 58 бодови е на 6.место или два бода помалку зад Севиља.
Тимот на Гранада со освоениот бод остана на 15.место, но го зголеми бодовното салдо на 38 бодови или три повеќе од тимовите на Осасуна и Ваљадоид, кои се во зоната на испаѓање.