Со натписот „Вие сте наши шампиони“ ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ попладнево беа пречекани од своите навивачи, но и од клупските колешки од помладиот состав на аеродромот „Александар Велики’’ во Скопје.
По големиот успех на Фајнал фор турнирот во Будимпешта каде го освои 3.место во Лигата на шампионките, црвено-црните се вратија во Скопје, а првите импресии со новинарите ги сподели Јованка Радичевиќ.
– Горда сум што направивме. Дадовме се од себе, се боревме, тоа е најважно. Мислам дека и цела Македонија треба да биде горда. Направивме голема работа, изјави Радичевиќ по пристигнувањето во Скопје.
Нескриена беше радоста, но и оптимизмот кај ракометарките на ЖРК Вардар СЦ кои веруваат дека допрва од нив треба да се очекуваат уште поголеми резултати.
– Ова е само почеток на Вардар и се надевам дека следната година ќе се случи она што сите го очекувате, додаде Радичевиќ.