Пред една година, една пријателка од рурална јужна Африка возбудена ми се јави. Нејзиниот роден град, кој е всушност едно големо село со име Бургерсфорт, конечно ќе биде „ставено на мапата“, ми рече. Веќе прочитав дека регионот на Бургерсфорт бил избран како седиште за 15 нови рудници за хром и платина, а тоа е огромен извор за работни места во инаку гладното за работа село. Мислев дека мисли на рудниците, и и честитав. Но ми рече дека воопшто не мислела на тоа. „Ќе добиеме шопинг мол“.
Има причина зошто терористите од Ал Шебаб, кои го нападнаа трговскиот центар Вестгејт во Најроби во сабота, избрале мол наместо владино здание, улица во центарот на градот или прометна автобуска станица. Моловите се се повеќе средиште за африканскиот урбан живот; тие се социјални срца на брзорастечките градови на континетот, места каде сите – од диломатите во одела на Севил Роу пеку патниците со ранци и кратки сурферски пантолони, па се до сепомобилната средна класа, па дури и оние од најсиромашните гета, се собираат за да го сонуваат сонот за африканската иднина, оној без забарикадирани порти и бодликави жици кои ги двојат богатите во нивните населби од сиромашните, без влез со врски и грубост кои се карактеристични за јавната инфраструктура.
Кога се заврши пукањето во Вестгејт, се откри дека напаѓачите го избрале овој мол затоа што таму има многу бели луѓе. Но фотографите кои се појавија во медиумите покажаа поинаква слика. Огромен број луѓе беа сардисани меѓу огнот од куршуми. Нападот во молот погоди директно во срцето на кенијските емоции, во нивната нова визија за потрошувачката класа, како што нападот врз кулите на Светскиот трговски центар погодија во срцевината на визија на Америка за самата себе како место каде тешката работа ви овозожува да го допрете небото.
Кога првпат дојдов во Африка, бев збунет од улогата на трговските центри во модерниот африкански живот. Во Америка, за градските луѓе моловите се страшно не-кул. Но во Јоханесбург, во Јужна Африка, моловите се многу кул. Сите кои ги познавав или запознавав ми закажуваа да се видиме во Сендтон сити мол, огромен комплекс голем колку половина њујоршко маало, со мермер поплочен селски плошатд во средината – дури и уметниците и интелектуалците, оние луѓе кои не би се приближле до молот кога се враќаат дома. Мојата пријателка Једит Фесехаје, патува по континентот како економист за развој. Ми рече дека во многу престолини која таа ги посетила, моловите стануваат „практично единственото место каде луѓето се социјализираат“. Во Лусака, во Замбија, „луѓето се облекуваат убаво исто како да одат на некој настан“ за во сабота да одат во Манда хил мол, во кој има дури единаесет продавници за електроника.
Африка се урбанизира невевројатно брзо. Во 1990, само една четвртина од африканците живееле во градовите. До 2025 година, повеќе од половината од населението од 700 милиони души ќе живеат таму. Истовремено, Африка има најбрзорастечка средна класа. Во средината на овие два тренда се моловите. Ритејл секторот (услугите) се денес најврелата област за инвестиции во Африка, и ги надминуваат дури и инвестициите во природните ресурси, кои отсекогаш биле главниот двигател за инвестиции на континетот.
Во изминатите неколку децении, низ континентот се отворија стотици молови, насекаде. Само една јужноафриканска градежна компанија во моментов гради околу 50 мега-молови, со грандиозни имиња како Молот на Кигали, Молот на Маврициус, Молот на Мозамбик и Молот на Зимбабве, чија градба ќе чини над 100 милиони долари и во кои ќе има „воден свет“. Овие молови не се само за забава. Тие исто така и пространства во кои се бараат нови идентитети. Фесехаје вели дека во Замбија, традиционалните повозрасни лица имаат „проблем со мини здолништата“. Но во моловите, девојките ги носат со златна гордост. Слобода за сите“. Овие идентитети се одеднаш и конзумерски и космополитски. Покрај огромните продавници кои потсетуваат на Волмарт или Блумингдејлс, во овие молови има секогаш пријатни, шминкерски италијански кафеа, каде се служат италијански деликатеси или суши, и се поставени точно во средината на ходниците, што овозможува оние кои седнуваат да уживаат во киселкаста штрудла од боровинки да бидат во фокусот на што поголем број шопинг зависници. Овие ходници функционираат као еден вид на Елизејски полиња: совршено место за да се покажете себеси и вашето семејство на светот. Арт кафе во Ветсгејт во Најроби, каде напаѓачите почнаа со пукањето, беше посбено познато: нивните величенствено изложени француски кроасани беа вистинско уметничко дело.
Во Америка моловите ги гледаме како места на бездушна опуштеност. Но во Африка тоа се места на неочекувана разновидност. Но она што и мене ме изненади е што многу брзо повеќе ми се допаѓаше да пишувам во пространите кафеа во моловите отколку во тесните кафе барови во градот. Таму гледав секакви луѓе. Рестораните во Африка често имаат стерилна, кантри клубска атмосфера; на вратите стојат чувари; еднаш додека полека поминував покрај чуварот на монденски јужноафрикански ресторан, кој ме убедуваше дека местото било затворено, иако зад него можев да видам како луѓето внатре јадат. Овие места ја заоструваат социјалната поделеност помеѓу високата и средната класа и масовната сиромаштија; и покрај порастот на средната класа, 70 проценти од урбаните африканци сеуште живеат во гета. Поделбата е очигледна во резиденцијалните населби оградени со бодликава жица и високи дебели ѕидови, кои ги опкружуваат велелепните куќи и комплекси со апартмани.
Спротивно на тоа, моловите е широко отворени. Во сите молови во Кенија, безбедносни чувари ќе ве дочекаат на влезовите, но во основа сте секогаш добредојден. Каролине Кихато е кенијски урбан планер и ми кажа дека една нејзина пријателка од Кибера, гето на лош глас на Најроби полно со трошни колиби и отворени канализиации, сака да доаѓа во молот. „Можете да седите и да си пиете чај“, вели таа. „Можете и да се шетате и да разгледувате излози. Никој нема да ви рече `Зарем нема да купите нешто?` Инаку, излегувајте“. А величенствените молови не се само за замислување. „Одењето во мол е нешто кое тие го сакаат, затоа што конечно можат да одат во пристојно веце“.
Внатрешноста на африканските молови е секогаш силно впечатлива, почисто е отколку во американските молови, и прекрасно се уредени, со лустери, фонтани и стаклени лифтови кои никогаш не се валкаат. Тие се дијаметрална спротивност на на надвор, каде има ископани улици и насекаде прашина, и згради од кои се лупи бојата, кои кажуваат се за неефикасноста на централната власт. Во приватните моловите се практикува освршена контрола на околината. Многу африкански молови се специјално дизајнирани да создад впечаток дека се малечки светови само за себе, со „шеталишта“ и „кејови“. Во радиус од 60 километри околу мојата куќа во Јоханесбург, има три различни молови, а областа е наречениа „село на молови“, со пространи поплочени улици во европски стил. Функцијата на моловите е да бидат паралелни градови. Во моловите никогаш нема да ги видите неуспесите на власта. Таму заборавате на неуспесите. Барем на кратко, можете да се замислите себеси во некоја совршено средена држава.
Вака, моловите во Африка често се бегство од грубоста на јавна инфраструктура која не може да оди во чекор со софистицирањето на граѓаните. Во Африка има изрека дека приватната иницијатива е „непрекинато ривалство“ во развојот кој нормално би се случувал во земја која се мачи да ги држи чекорот со прогресот. Во Конго и на Магадаскар, кинески компании градат патишта. Огромните јужноафрикански мобилните конгломерати им тутнуваат телефони во рацето на луѓето на кои влада никогаш не успеала да им обезбеди фиксни телефонски линии. Африка сега има повеќе претплатници на мобилни телефони отколку во Америка или во ЕУ.
Опушта самата помисла дека социјалниот прогрес може сосема независно да се развива од политичкиот прогрес, онака како што се влечка во повеќето африкански држави. Моловите се врвна презентација на овој концепт. Подигањето на нов мол во Најроби, вели Кихато, е „вистински знак дека на градот и на луѓето им оди добро“.
Но нападот во молот во Најроби покажа дека не е така. Молот Вестгејт, покрај своето претставување дека е сосема различен и космополитски, излезе дека е најранливиот и како таков совршена цел. Лошите односи на Кенија со соседот на север Сомалија, се покажа во Вестгејт; молот не може да избега од таа реалност.
Очекував дека нападот ќе ја зголеми безбедноста во сите молови во Кенија, а можеби и насекаде во Африка. Можеби на погрубите по изглед луѓе ќе почне да им се забранува пристап; можеби тие ќе станат како рестораните или приватните комплекси оградени со бодликава жица, кои се игралишта за богатите. Можеби златното доба на овие отворени шопинг молови има краток животен рок.
Тоа би било вистинск загуба. Кихато со носталгија се сеќава на првите денови на шопинг моловите во Најроби. Во 90-ите, кога бил отворен еден од првите шминкерски молови, комплексот наречен Јаја центар, таму имало „обезбедување кои будно внимавале на луѓето“, се сеќава таа. Но чуварите биле таму за да внимаваат луѓето да не се лизнат по подвижните скали, која тогаш било нешто сосема ново во Најроби. Сето тоа сега звучи како приказна пред залез.
Њу Рипаблик