Ѓер прв финалист во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарките на европскиот првак Ѓер се првите кои изборија пласман во финалето во годинашново издание од Лигата на шампионите. Тие во првото полуфинале денеска во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта го победија данскиот тим Митјиланд со 29:26 (16:11).

Во текот на целиот натпревар унгарскиот тим имаше водство, кое во вториот дел најчесто се движеше меѓу 3-4 голови разлика.

Најефикасна на натпреварот беше Корнелија Грот од Митјиланд со 9 голови, додека кај победникот најпрецизни беа Анита Горбич со 7 голови, а Едуарда Аморима и Анико Ковачич со по 5.
Во второто полуфинале од 17:30 часот играат македонскиот првак Вардар СЦБТ и Будуќност.
Ѓер во финалето утре од 17 часот ќе игра со победникот од второто полуфинале, додека Митјиланд ќе го очекува поразениот во дуелот за третото место.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска