Малолетниот Шурија Реј од Германија прв го реши математичкиот проблем кој го постави Исак Њутн пред повеќе од 300 години.
16-годишниот Реј, со потекло од Индија, смисли решение на два проблеми за движење на честичките, кое досега физичарите успевале да го решат само со помош на компјутер.
Неговото решение значи дека сега научниците ќе можат да го предвидат движењето на фрлена топка и да предвидат како таа ќе се одбива од ѕидовите и каде ќе падне.