Во валандовското село Чалакли денеска свечено ќе биде отворен 23.Меѓународен фестивал Пролетни веселби – „Хид Бах Шен Фест“- Чалакли.
На отворањето ќе се обратат претседателот на Фестивалот, Шенол Тахир и почесниот претседател Ирфан Насратиноглу.
Ќе настапат локални културно-уметнички друштва и фоклорни групи од регионот. Освен презентирање на турскиот фолклор и игри, на „Хид Бах Шен Фест“ ќе се одржи и Пеливанско борење, изложбa на старини и јуручка храна итн.
Манифестацијата се реализира во соработка со Сојузот на турските невладини организации во Македонија (Матуситеб). Фестивалот се организира со поддршка на министерствата за култура на Македонија и на Турција, Турската владина агенција за презентација, Агенцијата ТИКА и Агенцијата за Турците во дијаспората.
Со одлуката на Министерството за култура на Република Македонија, од 2003 година, манифестацијата „Хид Бах Шен Фест“ – Чалакли, е прогласена за републичка манифестација од посебен национален интерес.