Ракометарките на Вардар СЦБТ Ана Ѓокиќ и Јованка Радичевиќ според гласовите на навивачите се најдоа во „ол стар“ тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Анкетата ја спроведе ЕХФ и притоа Радичевиќ доби и најмногу гласови 10.886 или 59,3 отсто на нејзината позиција.
Три ракометарки во најдобрата „седморка“ има од европскиот првак Ѓер, а по две од Вардар СЦБТ и Будуќност.
Најдобрите седум ракометарки според позициите се: лево крило – Мајда Мехмедовиќ (Будуќност); лев бек – Едуарда Аморим (Ѓер); среден бек – Анита Горбич (Ѓер); десен бек – Катарина Булатовиќ (Ѓер), десно крило – Јованка Радичевиќ (Вардар СЦБТ); пивот – Ана Ѓокиќ (Вардар СЦБТ) и голман – Клара Волтеринг (Будуќност).
За најдобар дефанзивец е прогласена Сузана Лазовиќ од Будуќност.