Турското обвинителство ги укина обвиненијата против 60 лица обвинети за корупција

Од:

Турското обвинителство го прекина случајот против 60 осомничени за истражување на корупцијата, што започна на 17 декември и опфати владини службеници и бизнисмени, блиски до владејачката Партија на правдата и развојот, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Меѓу нив е и синот на поранешниот министер за животна средина и градежништво Ердоган Бајрактар, Абдула Огуз Бајрактар и градежниот магнат Али Агаолу. Тие беа приведени при полициска операција на 17 декември, а на 21 беа ослободени.

Десетици лица, блиски до владата на Партијата на правдата и развојот, која е на власт од 2002 година, беа приведени и обвинети во рамки на истрагата, вклучувајќи ги и синовите на тројца министри. Како последица на тоа, тројцата министри поднесоа оставки.

Сите кои беа ставени во притвор по операцијата од 17 декември подоцна беа ослободени.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган ја разгледа истрагата како заговор против Владата, организиран од муслиманскиот проповедник кој живее во САД Фетулах Ѓулен, чие движење има влијание во полицијата и судскиот систем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ