Ветеранот во редовите на Лос Анџелес Клиперс, бекот Џамал Крафорд ја доби наградата за најдобар шести играч оваа сезона во НБА лигата.
Тој ја доби конкуренцијата, односно ги победи Таж Гибсон од Чикаго, Ману Џинобили од Сан Антонио и Реџи Џексон од Оклахома.
Крафорд бележеше по 18.6 поени, со 41.6% од поле, 3.2 асистенции и 2.3 скока по натпревар.
Церемонијата на доделување на наградата ќе биде одложена поради скандалот со сопственикот на Клиперси, Доналд Стерлинг и неговите расистички изјави