„Стотројка“ слави 23 години прогресивна уметност и слободна мисла

Од:

По повод својот 23. роденден, музичкото радио Канал 103 организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена.

Во среда на 30 април, во 18 часот, од Радиото најавуваат слободен настан во Младинскиот културен центар на кој ќе присуствуваат повеќе генерации Стотројкаши.

Предвиден е целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на Стотројкашки филмови, слајдшоу документ за скопската урбана култура и фри сешн на кој учество ќе земат 23 истакнати музичари од независната сцена.

– По долги 3 години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” кој за првпат се одржа на 20. роденден на радиото, се враќа на местото на настанот.

23 музичари за 23 години Стотројка. Дел од сешнот ќе бидат Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Драган Гиновски, Теодор Бошков, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и многу други, велат од „Стотројка“.

23stotrojka

Филмска програма во киното Фросина: 

Гето 103 (МРТВ / ФДУ, 1999)

Режија: Јане Алтипармаков

Времетраење: 11 мин.

Ако никој не свири (Стотројка, 2010)

Режија: Ѓорѓи Јаневски

Времетраење: 55 минути

Од другата страна (Danse Macabre, 2012)

Режија: Ивица Дукоски, Златко Гелески

Времетраење: 1 минута

103 – Љубовно Писмо До Алтернативната Култура (PMG Recordings, 2013)

Режија: Синиша Евтимов

Времетраење: 55 минути

Канал 103 почна да зрачи на 1. мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио-Телевизија, „Стотројка“ прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање