Скопје Филм Фестивал, по повод шведскиот филм “We are the best!” на режисерот Лукас Модисон организира на трибина на тема „Револуцијата е мртва: Да живее револуцијата!” Како презентери на овој настан ќе земат учество членовите на Хип Хоп Македонија, при што ќе се опфатат најразлични теми и тоа: Славчо Ковилоски ќе се осврне на хип хоп културата, Ѓоре Милевски – Џоле, ќе зборува за редефинирањето на нашето секојдневие преку урбаната култура, Александар Ковилоски, ќе зборува за начинот на кој уметноста се обезличува и станува дел од светските бизнис трендови и Ѓорѓи Пулевски, чие излагање е насочено кон критичката уметност и изнаоѓањето на алтернативни сцени.
Трибината е закажана за денеска, во 18 часот во киносалата на Кинотеката на Македонија, а влезот е бесплатен. Инаку, станува збор за интерактивна трибина каде учество во градењето на нејзиниот тек може да земе и публиката