Првата меѓународна средба на новиот српски премиер Александар Вучиќ ќе биде со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедост Кетрин Ештон, која денеска пристигнува во посета на Белград.
Се очекува прашањата за евроинтеграцијата да бидат главна тема на средбите на Ештон во Белград.
Ештон и Вучиќ ќе го разгледаат и текот на преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, кои секогаш се одвиваат со посредство на шефот на европската дипломатија.
За време на посетата на Белград Ештон ќе се сретне и со српскиот претседател Томислав Николиќ, а ќе се обрати пред Парламентот на Србија.