Бројот на лица кои починаа во Саудиска Арабија како последица на инфицираност со вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) се искачи на 102, соопштија синоќа саудиските власти.
Само во текот на овој месец од МЕРС во Саудиска Арабија починаа 39 лица, но властите се обидуваат да го смират населението најавувајќи превентивни мерки против болеста.
Како што се наведува во синоќешното соопштение на саудиското Министерство за здравство, меѓу осумте последни починати од МЕРС е и едно деветмесечно бебе. Досега се регистирани 339 случаи на лица инфицирани од вирусот на МЕРС.
Вирусот на МЕРС првпат беше регистриран во април 2012 година и досега не се откриена вакцина или лек против него.
Експертите наведуваат дека смртноста кај заболените од МЕРС е заначително поголема од онаа на инфицираните со вирусот САРС.