Портланд го совлада Хјустон со 123:120 по петминутното продолжение, откако по 48.минути резултатот беше изедначен 106:106 и поведе со 3-1 во плеј-оф серијата прв до четири победи.
Лемаркус Олдриџ со 29 и Николас Батун со 25 поени го предводеа домаќинот до третиот триумф, со што се на чекор од конференциско полуфинале.
Една победа за конечен триумф му треба и на Вашингтон по победата над Чикаго од 98:89. Моменталниот резултат е 3-1 во победи за Вашингтон.
На другите две синоќешни пресметки екипите кои победија го изедначија скорот на 2-2 во победи и ја вратија неизвесноста околу тоа кој ќе оди во втората рунда од разигрувањето за титулата.
Постигнати резултати: Голден Стејт – ЛА Клиперс 118:97 (2-2 во победи), Бруклин – Торонто 79:87 (2-2).
Вечерва се играат три натпревари: Шарлот – Мајами (0-3), Индијана – Атланта (2-2) и Далас – Сан Антонио (2-1).