Годишна плата од 20 милиони евра побара Лионел Меси за да го продолжи договорот со Барселона, пишуваат шпанските медиуми.
„Марка“ јави дека со ова барање Меси има желба од два милиона евра повеќе од понудата на каталонскиот клуб, а оваа сума е за два милиони евра повисока од платата што ја има Кристијано Роналдо во Реал. Евентуално прифаќање на барањето на Аргентинецот би значело 400 илјади евра месечна плата со што би станал најплатен фудбалер на светот.
На разговорите што треба да се случат во најскоро време меѓу управата на Барселона од една страна и таткото на Лионел кој е во функција на негов агент од друга страна, освен висината на годишната плата треба да се разгледаат и бонусите на Меси, како и приходите од авторски права за фотографиите со Меси.
Од овие разговори ќе зависи иднината на кариерата на Меси, односно дали тој ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе оди во друг клуб.