Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата на сите времиња, Оскар Робертсон упати совети до Кармело Ентони да го напушти Њујорк Никс и да си најде нов клуб.
– Да сум на местото на Ентони уште одма би го напуштил Њујорк. Кога играше во Денвер тој можеше да шутира колку сака, а соиграчите му даваа целосна поддршка. Во Њујорк е сосема различно. Топката често завршува кај Смит, а Ентони што и да направи има некој што го критикува дека не сторил доволно, изјави Робертсон.
На Кармело Ентони му останува уште една сезона од договорот со Њујорк, но веќе се појавија шпекулации дека ќе го напушти клубот веќе на лето.
Заинтересирани за услугите на овој играч се тимовите од Лос Анџелес (Клиперси и Лејекерси), Чикаго Булс и Хјустон Рокетс.