Српското Собрание денеска бира влада

Од:

Српското Собрание денеска на посебна седница ќе избере нова влада, а мандатарот за составот на новиот кабинет Александар Вучиќ ќе го изнесе експозето и ќе ги претстави плановите и мерките, кои неговиот кабинет ќе ги спроведе во следниот четиригодишен мандат.

Изборот на владата и полагањето заклетва на претседателот и членовите на владата е единствената точка на дневниот ред на седницата.

Мандатарот Вучиќ ќе изнесе детално експозе, кое е напишано на околу 70 страници и се очекува неговото претставување да трае околу три часа, јави Танјуг.

Владата ќе има 19 членови, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот.

Согласно Законот за влада, владата ја бира Собранието, по конституирањето, на предлог на мандатарот. Собранието одлучува за изборот на владата во целина, а таа се бира со мнозинство гласови од вкупиот број на пратеници.

Со Министерството за финансии ќе раководи Лазар Крстиќ, со Министерството за економија Душан Вујовиќ, со Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, која ќе биде и потпретседател на владата.

За министер за внатрешни работи е именуван Небојша Стефановиќ, за правда Никола Селаковиќ, за државна управа и локална самоупрва Кори Удовички, за одбрана Братислав Гашиќ, за здравство Златибор Лончар, за образование, наука и технолошки развој Срѓан Вербиќ.

Минстер без ресор, задролжен за Европската унија ќе биде Јадранка Јоксимовиќ, Александар Вулин е назначен за министер за труд, вработување, боречки и социјална прашања, додека Расим Љајиќ ќе биде потпретседател на владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации.

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ ќе биде прв потпретседател и министер за надворешни работи, Александар Антиќ ќе биде министер за енергетика и рударство, Снежана Богосављевиќ-Бошковиќ ќе биде министер за земјоделство и заштита на животната средина, додека Министерството за култура и информирање ќе го раководи Иван Тасовац.

Вања Удовички ќе отане на чело на Министерството за млади и спорт, додека во новата влада како министер без ресор ќе биде и Велимир Илиќ.

Пратениците вчера ги усвоија Законот за министерствата и измените на Законот за влада, што беше предуслов за избор на владата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ