Кошаркарите на Индијана изедначија на 2-2 во победи во 1.коло од плеј-оф серијата со Атланта.
Индијана синоќа на гостински терен победи со 91:88, а македонскиот интернационалец Перо Антиќ на го погоди последниот шут за тројка и не успеа да го спаси својот тим од пораз.
Пол Џорџ со 24 поени и Дејвид Вест со 18 поени ги предводеа гостите до големиот триумф. Кај Атланта најефикасен кошаркар беше Пол Милсап со 29 постигнати поени.
На другите три ноќешни НБА дуели за разигрувањето за титулата постигнати се следниве резултати: Далас – Сан Антонио 109:108 (2-1 во победи), Шарлот – Мајами 85:98 (0-3) и Мемфис – Оклахома Сити 89:92 (2-2).
Вечерва играат Вашингтон – Чикаго (2-1 во победи), Голден Стејт – ЛА Клиперс (1-2), Бруклин – Торонто (2-1) и Портланд – Хјустон (2-1).