Холандскиот фудбалски стручњак Луј ван Гал доаѓа на тренерското место на Манчестер Јунајтед по завршувањето на Светското првенство во Бразил, јавуваат англиските медиуми.
Според овие информации, актуелниот селектор на Холандија со сопствениците на Манчестер, договорил соработка кој би траела следните три години.
Ван Гал неодамна изјави дека по Мундијалот или ќе продолжи во некој клуб од Премиер лигата, или ќе оди во пензија.
Во трка за холандскиот тренер беше и премиерлигашот Тотенхем, но реномето на Јунајтед беше пресудно за одлуката на Ван Гал.
Клубот од „Олд Трафорд“ сезонава остана без прв тренер, откако клубот поради лоши резултати му даде отказ на Дејвид Мојс, а како привремено решение за менаџерската функција го назначи Рајан Гигс.