Цедевита со кош во последната секунда избори АБА финале

Од:

Нолан Смит со тројка во последната секунда на синоќешниот дуел со Партизан, на својот тим Цедевита му донесе финале во АБА лигата, а со тоа и пласман во елитната Евролигата следната сезона. Конечниот резултат изнесува 81:79 за хрватскиот претставник.

До големиот триумф на теренот на противникот загрепчани дојдоа со серијата од 10:0 во последните минути од натпреварот со што фатија резултатски приклучок по високото водство од 12 поени на белградските „црно-бели“.

Ниту 25-те поени на Александар Павловиќ не беа доволни Партизан да го избегне поразот. Кај гостите најефикасен беше Миро Билан со 14 поени.

Во финалето на регионалното натпреварување закажано за утре за првпат ќе има хрватско финале, бидејќи Цибона во четвртокот во првиот натпревар на „Фајнл фор“ турнирот ја победи Црвена Звезда.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска