Настап на Симон Трпчески во Конгресната библиотека на САД

Од:

Во преполната сала на Конгресната библиотека на САД, на целовечерниот двочасовен концерт, македонскиот пијанист Симон Трпчески и германскиот виолончелист Даниел Милер – Шот синоќа изведоа три сонати: во Ц-дур на Бетовен, во Ф-дур на Брамс и во Г-мол на Шопен.

– Ова ми е веројатно 45 или 46 посета на оваа земја и сум прифатен на прекрасен начин. Убаво е чувството кога луѓето ќе те прифатат онака како што си сакал, затоа што ние, уметниците, навистина многу вложуваме во она што го работиме, изјави пијанистот Трпчески пред настапот.

Релаксирано е да се настапи во САД, вели тој. Олеснува беспрекорната и детална подготовка на концертите, аргументира македонскиот пијанист, кој настапува по американските концертни сали веќе 12 години по ред.

Брошурата на Конгресната библиотека за концертот го цитира Индипендент за сјајниот звук и леснотијата во изведбата на Трпчевски и ја истакнува титулата на национален уметник на Македонија.

– Честа е голема, задоволството е големо. Внесувам многу љубов во она што правам и името на државата секогаш оди заедно со моето име. Мислам дека, од друга страна, не чувствувам определен притисок, туку напротив, моето задоволство во вршењето на мојата професија е поврзано со мојата љубов кон мојата земја, вели Трпчевски.

Тој раскажува дека е прифатен на прекрасен начин во САД од публиката која, како што рече, колку бара, толку и му возвраќа на уметникот.

Во оваа мини-концертна турнеја, дуото Трпчески – Милер Шот веќе настапи во Ванкувер, а од Вашингтон заминува за Квебек и Монтреал. Оттаму, Трпчевски сам ќе замине за настап во Хелсинки, по што го очекуваат четири концерти во Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање