Српската Агенција за лекови и медицински средства предупредува при употреба на диклофенак

Од:

Српската Агенција за лекови и медицински средства соопшти денеска дека упатиле предупредување до лекарите да бидат повнимателни при препишувањето на лекови на база на диклофенак заради ризик од појава на артериска тромбоемболија.

– Лековите на база на диклофенак не се повлекуваат од Србија туку е дадено предупредување и дополнителни упатства за лекарите за нивно препишување, изјави за Танјуг портпаролот на Агенцијата, Александар Туцовиќ.

Примената на диклофенак од сега е контраиндицирана кај пациенти со конгестивна инсуфициенција на срцето, болести на периферните артерии или цереброваскуларна болест. Пациентите кои имаат хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес, треба да ја почнат терапијата по внимателна проценка.

Во писмото од Агенцијата се вели дека кај сите пациенти треба да се применува најмала ефективна доза во најкус временски период потребен за контрола на симптомите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ