Околу 30 отсто од децата во Србија се во ризик од сиромаштија, соопштено е денеска на претставување на извештајот на Републичкиот завод за социјална заштита „Децата во системот на социјална заштита 2013“.
Според податоците од извештајот, 3.637 деца претрпелеа некој вид насилство, а најизразениот вид насилство било занемарување, додека во 2009 имало 841 деца жртви на насилство.
Директорот на Републичкиот завод за социјална заштита Божидар Дакиќ на денешното претставување на извештајот појасни дека тие податоци се само за случаи кои се решени, а не за оние кои се пријавени.
Според истражувањето, околу 48.811 семејства со деца користат некој вид парична социјална помош, а дури 383.384 деца користеле детски додаток во 2013 година.