Од 800 пестициди во Србија, 40 отсто се со сомнителен квалитет

Од:

Во Србија се регистрирани околу 800 средства за заштита на растенија, од кои околу 40 отсто се регистрани по закон од 1998 година, врз основа на минимум документација, со што се ризични за здравјето на луѓето. Тоа беше оценето денеска од страна на Здружението на производители на средства за заштита на растенија.

Новиот Закон за средствата за заштита на растенија, кој е усогласен по стандарди на ЕУ, донесен е во 2009 година, со предвиден период на прилагодување до крајот на 2013 година, но како што беше искажано – не се применува ниту денес.

Претставниците апелираа до Владата на Србија да се забрани продажба и користење на средства за заштита на растенија кои се забранети и во ЕУ за да биде храната безбедна и да се заострат критериумите при регистрација. Од Здружението не сакаа да посочат кои производители во Србија се регистрирани врз основа на нецелосна документација.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ