Маја Гојковиќ избрана за претседател на српскиот парламент

Од:

Со мнозинство гласови денеска е избрана Маја Гојковиќ од редовите на Српската напредна партија за претседател на српскиот Парламент.

За неа гласаа 194 пратеници, против беа 14, додека деветмина беа воздржани, јави Танјуг, дополнувајќи дека на седницата не биле присутни 29 пратеници.

Гласањето се одвиваше јавно, со прозивка.

Српското Собрание во својот состав ќе има и шест потпретседатели, за кои исто така ќе се гласа, а кандидати се Верољуб Арсиќ. Игор Бечиќ, Гордана Чомиќ, Нинослав Стојадиновиќ, Владимир Маринковиќ и Константин Арсеновиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ