Српското Собрание на денешната седница треба да избере претседател, потпретседател и работни тела, со што ќе биде завршено конституирањето на највисокото законодавно тело.
Кандидатот за нов претседател на Собранието на Србија е функционерот од Српската напредна партија и пратеник од таа партија, Маја Ѓоковиќ.
Според Деловникот за работа, за кандидатот за претседател се отвара претрес, по што претседавачот ја утврдува листата на кандидати по азбучен ред. За претседател на Собранието ќе биде избран пратеникот за кого гласале мнозинството од вкупниот број пратеници.
Собранието го утврдува бројот на потпретседателите врз основа на предлогот на претседателот.
По изборот на претседателот и потпретседателот Собранието утре би требало на дневен ред да ги стави предлозите закони за влада и за министерствата, а за кои би се гласало в сабота на 26 април. Новите министри, како што претходно е најавено, заклетва пред пратениците ќе положат в недела на 27 април.