Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска на лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ ќе му врачи мандат за формирање нова влада на Србија, јави Танјуг.
На парламентарните избори во Србија што се одржаа на 16 март, коалиција предводена од СНС, во која членуваат и Социјалдемократската партија на Србија (СДПС), Нова Србија (НС), Српското движење за обнова (СПО) и Движењето на социјалистите (ПС), извојува убедлива победа и освои 158 мандати во 250-членото Собрание,
Вучиќ, пред една најави дека новата влада на Србија ќе биде фомирана најдоцна до 27 април и дека таа ќе биде „мала, модерна и ефикасна со 17 членови“.
Покрај блокот партии околу СНС, во новата влада ќе учествуваат и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на актуелниот премиер Ивица Дачиќ и Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ).
Коалицијата на СНС, блокот на социјалистите и СВМ заедно имаат 208 пратеници, што им гарантира стабилно мнозинство, кои се очекува да биде неопходно за спроведувањето на болните структурни реформи и за приватизацијата на големите државни компании.