Претставата „Разголени“ од македонската авторка Викторија Рангелова вечер ќе биде одиграна на Меѓународниот театарски фестивал во Лима, Перу.
Режисер е Ален Јелен, а улогите ги толкуваат Наташа Барбара Гранчер и Јернеј Гашпарин, сите од Словенија.
„Разголени“ беше изведена и во петокот, на 18-ти април, во рамки на отворањето на Festival De Artes Escenicas во Tatatro del Oliva.
Ставајќи ги во фокусот машко-женските односи, текстот на Рангелова допира до проблемот на разбирање на различноста, општествената демагогија во која валканиот виновник си дозволува да биде истовремено и судија и џелат.
Праизведбата на „Разголени“ беше на 12 октомври минатата година на сцената на Местно Гледалишче Љубљанско, во Љубљана, Словенија.