Фудбалерите на Селта Виго славеа убедлива победа на гостувањето кај Алмерија со 4:2 во натпревар од 34.коло на шпанската Примера.
Во првиот натпревар од денешната програма, два гола за составот од Виго постигна Нолито, а во листата на стрелци се запишаа Чарлс и Фабиан Орељана.
Головите за Алмерија ги постигнаа Родри и Оскар Дијаз. Денеска ќе бидат одиграни уше три средби: Рајо Ваљекано – Реал Бетис, Севиља – Гранада и Барселона – Атлетик Билбао, додека за утре закажан е дуелот меѓу Малага и Виљареал.
Потсетување на постигнатите резултати од средбите одиграни вчера и во петокот: Осасуна – Валенсија 1:1, Леванте – Гетафе 0:0, Сосиедад – Еспањол 2:1 и Атлетико Мадрид – Елче 2:0.
Табела: Атлетико Мадрид 85 бодови (+1 натпревар повеќе), Реал Мадрид 79, Барселона 78, Атлетик Билбао 62, Севиља 56, Сосиедад 54 (+1), Виљареал 52 …