Лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири одобри напади на египетските џихадисти врз полицијата и армијата, но рече оти треба да се избегне да се повредуваат цивили.
Во аудио интервју за радикалниот сајт „Ал Сахаб“, медиумско крило на Ал каеда, Завахири ги советува џихадистите секаква вооружена конфронтација да е со народна поддршка, затоа што без неа не може да се постигне победа.
Според Завахири, џихадистите треба да ги избираат повнимателно целите и да ги објаснуваат целите на секоја операција на луѓето.
Тој исто така остро ја критикуваше секонзервативната египетска исламистичка партија Ал нур, обвинувајќи ја за измама и воведување во заблуда, поддржувајќи ја времената воена власт и секуларниот устав, кој го определи како невалиден.