Екипата на Тотенхем славеше победа со 2:1 во дуелот со Фулам во првиот натпревар од 35. коло на фудбалското првенство на Англија.
На средбата одиграна попладнево во Лондон, домашниот тим поведе со голот на Паулињо во 35-та минута. Само две подоцна Стив Сидвел го израмни резултатот на 1:1. Во вториот дел Тотенхем постигна два гола. Најнапред Хари Кин во 48-та минута одново му донесе предност на домашниот тим, овој пат од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Кабул во 62-минута. Сидвел во 77-минута не реализира пенал за гостинската екипа.
Попладнево од 16 часот ќе стартуваат дуелите: Вест Хем – Кристал Палас, Њукасл – Свонси, Кардиф – Стоук и Астон Вила – Саутемптон, додека во терминот од 18:30 часот својот дуел ќе го започнат Челзи – Сандерленд.
Утре на програмата се натпреварите: Норвич – Ливерпул, Хал – Арсенал и Евертон – Манчестер Јунајтед, додека Манчестер Сити и Вест Бромвич Албион ќе играат в понеделник.