Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, додека бил премиер на Данска, снимил нивни приватен разговор и потоа содржината ја објавил во медиумите.
– Не можев да верувам на своите очи и уши, тоа е глупост. Каква доверба може да постои по таков инцидент, истакна Путин за време на телевизиското обраќање до нацијата, на кое одговараше на прашања на граѓаните.
Расмусен беше премиер на Данска во периодот од 2001 до 2009 година.