Пензионираниот припадник на специјалната единица на американската војска „Фоки“ Мет Бисонет раскажува како во мај 2011 година го убил шефот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Бисонет акцијата до најситни детали ја опишува во книгата “No Easy Day”, а според неговите зборови го убил Бин Ладен со истрел во главата, во моментот кога најбараниот терорист во светот ја извадил главата од своето скривалиште во Пакистан.
Веднаш после смртоносниот истрел, во собата влегле останатите припадници на елитната единица на американската војска и во Бин Ладен кој веќе лежел на подот, истрелале уште неколку шаржери со муниција.
Според Бисонет операцијата на американската војска операцијата била замислена така што специјалците требало да се спуштат со хеликоптер и да го убијат Осама Бин Ладен, но се се закомлицирало кога хеликоптерот во кој бил и Бисонет се урнал во дворот на куќата каде што се криел терористот број еден.
Другиот хеликоптер „Блек Хок“ требало да се спушти на покривот на куќата, но слетал недалеку од дворот кога пилотите виделе дека првиот хеликоптер се урнал. Во дворот после ги пуштиле неповредените но „растресени“ војници од првиот хеликоптер.
Инцидентот со хеликоптерот и бучавата го разбудиле Бин Ладен и неговите курири, а еден од нив отворил оган на маринците. Него го убиле, а со помош на специјални наочари за ноќно гледање упаднале во куќата, го исчистиле првиот кат, и се упатиле на вториот каде според информациите се криел Бин Ладен.
Во тој момент, на нив оган отворил уште еден курир на Бин Ладен, но специјалците веднаш го убиле и него и неговата жена која скокнала да го заштити. Веднаш потоа пукале во човек за кого се испоставило дека е Калид, еден од синовите на Бин Ладен кој не пукал во самоодбрана.
„Очекувавме повеќе борба. Од сите тие приказни за умирање за Алах и самоубистевни прслуци не видовме ништо“, вели Бисонет.
Во моментот кога се приближувале на третиот кат на куќата се слушнало полнење на пушка, по што уследил рафал од страна на маринците. Бисонет пукал кон човекот кој ѕиркал низ вратата, а после рафалот се повлекол.
Маринците влетале во собата и таму затекнале две жени над мртво тело на некој маж. Бил погоден во десната страна на главата. Маринците испукале уште неколку рафали во него, за кого се воспоставило дека е Осама Бин Ладен.