Министерот на Тајван за заштита на животната средина, Стивен Шен, започна голема дебата за предлог измените во законот – посилниот пол да уринира седејќи. Според него на овој начин се обезведува поголема хигиена, а со тоа и поздрава животна средина.
Во наредниот период, администрацијата ќе се обиде да направи специјални известувања во тоалетите, со цел мажите да се информираат за сите бенефиции од новиот начин на користењето на WC- шолјите.
Иако голем број на жени ја прифатија оваа иницијатива, сепак мажите многу тешко се одлучуваат.
„Сакаме да ги примениме искуствата од Јапонија и Шведска, кои веќе започнаа со идентична акција. Во Јапонија речиси 30 % од мажите ја усвоија оваа идеја“, рече Хуан Шо, еден од главните поддржувачи на идејата на Владата.
Инспекторите во Тајван редовно ја проверуваат чистотата на околу 100.000 јавни тоалети. Иако поголемиот дел од нив добиваат високи оценки за хигиената, постојат и некои кои шират лош мирис, а според овластените лица, мирисот се должи токму на прскањето по плочите од урината.