Обединетите нации побараа помош за катастрофата во Сирија, од која се погодени и голем број на деца.
Велат дека се неопходни 54 милиони долари за десетици илјади Сиријци, главно деца, кои засолниште нашле во Јордан.
Според УНИЦЕФ парите се неопходни за да се обезбеди здравствена помош, заштита, достава на храна и средства за хигиена на сириските семејства и децата кои се сместени во Јордан.
Јорданската Влада бара помош за издржувањето и пружањето на помош на сириските бегалци на територијата на Јордан. Во соопштението се вели дека до крајот на годината на Аман ќе има потреба од 221 милиони долари за да може да ја оддржи помошта за сириските бегалци на неопходното ниво.
Во Јордан во моментот има околу 200.000 сириски бегалци, а во кампот Затари – 17.000 од кои половината се деца.